logo

24-ЧАСОВЕН ЕКГ – ХОЛТЕР МОНИТОРИНГ


24-часовен ЕКГ - Холтер мониторинг е континуиран електрокардиограм (ЕКГ), направен за време на вашите вообичаени дневни активности. Тоа е едноставна безболна процедура. Електродите поставени на градниот кош ги пренесуваат сигналите од вашето срце до рекордерот (апаратчето). Потоа снименото ке се аналаизира од страна на вашиот доктор. И додека "обичниот" ЕКГ, снима само 0.25% од работата на срцето, ЕКГ-Холтер ги СНИМА сите активности на срцето. Ако ПАЦИЕНТОТ има одредени тегоби или симптоми, истовремено ќе се регистрираат и промени на ЕКГ.


ЗАПОМНЕТЕ!!

  1. Слободно вршете ги активностите кои се дозволени: секакви движења, работа, качување по скали, јадење, спиење и слично.
  2. Забележете ако имате градна болка,гушење, срцебиење, "прескокнување" на срцето,вртоглавица, краток здив, гадење, страв итн.
  3. Регистрирајте ги симптомите кога тие ќе се појават, притискајќи на едно копче, за кое ќе добиете детални инструкции.
  4. Не влечете ги електодите од кожата.
  5. Не играјте си со рекордерот.
  6. Држете ги електродите и мониторот суви (Не се туширајте или бањајте, не одете на пливање).

Што да правам со апаратот ЕКГ-Холтер??

Рекордерот вообичаено не интерферира со вообичаените дневни рутински активности. Има само неколку рестрикции за време на носењето на рекордерот. Секако, вие нема да си "играте" со жиците, електродите, ниту со рекордерот. Не смеете да се туширате или бањате за време на носењето на апаратот, нити да ги оставате електродите или рекордерот влажни.


Ако го носите апаратот за време на ноќта, не смеете да користите електрично ќебе, бидејќи може да интерферира со апаратаот.


Кога времето за мониторинг завршува, Вие се враќате во ординацијата на докторот. Таму ќе го извадат апаратот од вас, и ќе им го предате Вашиот дневник.


Потоа следува процес на снимање, преку софистициран програм , посебно инсталиран во комјутерот, за таа намена. После анализа на податоците се добива извештај за регистрирани неправилности во ритамот на срцето, како и некои карактеристични записи на ЕКГ-то.


Вашиот доктор ке ги анализира, а може и да ги компарира со предходните резултати од вашата историја на болеста. На тој начин, докторот може да направи точна дијагноза за вашата состојба, и да даде најдобар можен третман.


Врати се горе


КОРОНАРЕН СТРЕС ТЕСТ


Коронарниот стрес тест (KST) е извонредно важна дијагностичка и прогностичка процедура, а се користи за процена на оштетувањето, односно степенот на "стеснувсње" на коронарните крвни садови кај пациентите со исхемична болест на срцето. Коронарниот стрес тест (KST) или Кардиопулмоналниот тест ја покажува потребата од кислороден внес (VO2), производство на CO2, како и вентилаторни параметри доколку се користи и flow-метар. Миокардната потрошувачка на кислород (O2) e 3.5ml/min/kg, а тоа е еднакво на 1MET (метаболен еквивалент).


Зависно од капацитетеот и предходната физичка припременост на пациентот, се користи стандартен Bruce-протокол или модифициран Bruce-протокол. Пациентот треба да знае неколку основни правила при припремањето за ова испитување на кардиоваскуларниот систем:

  1. Пациентот(ката) не смее да прави стрес тест доколку има настинка или имал настинка во изминатите две недели.
  2. Редовната утринска и дневна медикаментозна (таблетарна)терапија не треба да се прекинува. На денот на тестот, пациентот(ката)треба да ја зема својата редовна терапија во вообичаените дози.
  3. 2-3 часа пред тестот, пациентот(ката) треба да земе лесен или умерен оброк.
  4. Пациентот(ката) треба да носи лесна, по можност спортска облека и лесни обувки или патики.
  5. Со себе понесете ја целокупната медицинска документација(ако поседувате).


Врати се горе


24-ЧАСОВЕН АБП-МОНИТОРИНГ


24-часовен AБП - мониторинг е дијагностичка метода за континуирано мерење на крвниот притисок. Преку оваа метода добиваме податоци за циркадијалниот ритам, односно какви се варијациите на крвниот притисок во текот на 24-часа. Најкорисна метода за одредување на моментот кога треба да се отпочне со земање на лекови за регулирање на крвниот притисок, во кое време треба да се зема лекот, дали наутро или навечер, или ако е двократно, дали вечерната доза треба да биде помала или поголема од утриската. Не помалку важна е примената на АБП-мониторингот за следење на ефектот на дадената терапија т.е дали пациентот е адекватно покриен со терапија.


Апаратот за АБП- мониторинг е лесен за носење. Се пос тавува манжета на левата надлактица, и се поврзува на апаратот, во кој има програм за автоматско мерење на крвниот притисок, и тоа во тек на денот на секои 30минути, а од 22:00 до 06:00 на еден час. Притоа пациентот не треба да прави ништо, само да ја испружи раката, за мерењата да бидат прецизни.


Важно е да се напомене дека 24-часовното следење на крвниот притисок не бара никакви ограничувања на секојдневните активности.


Врати се горе